Димитриевски до Заев: Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината
Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Љупчо Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум се уште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации.
Ова е реакцијата на актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и независен кандидат по денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека Централниот одбор на првата наредна седница треба само да констатира дека Димитриевски го прекршил партискиот Статут, официјализирајќи независна кандидатура за претстојните локални избори, што повлекува негово исклучување од партијата.
-Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. З