Димитриевски ги осудува националистичките скандирања. Во салата не ги приметил, отпосле видел од медиуми!

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди националистичкото скандирање во реконструираната спортска сала во Куманово за време на кошаркаракиот меч Македонија – Романија.

„На спортските терени нема и не смее да има место за ширење на национализам и меѓуетничка нетрпеливост.

Вчера во Куманово беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија.

 

Организатор на настанот беше Македонска Кошаркарска Федерација а домаќин на настанот Општина Куманово.

Настанот помина во позитивна атмосфера и истиот беше една убава одамна незабележана слика во македонскиот спорт.

За жал ден подоцна воочуваме дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката има скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности.

Во оваа прилика Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот.

Куманово бил и ќе биде град на сите негови жители без разлика на нивната етничка припадност, а спортот и културата ќе ги користи да ги обединуваат граѓаните како и до сега“, се вели во соопштението на Кабинетот на Димитриевски.

Back to top button
Close