Димитриевски и Таравари се блиску да соберат 10.000 потписи, Ванковска има околу 6.000

Според денешното известување на Државната изборна комисија за бројот на собраните потписи, до синоќа до 20 часот кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, го поминал прагот од 10.000 и има 10.528 потписи.

Блиску до границата се градоначалникот на Куманово – лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, зад чија кандидатура се потпишале 8.400 граѓани, и кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска, која досега има собрано 6.237 потписи.

Кандидатот на здружената албанска опозициција, Арбен Таравари, досега има писмена поддршка од 7.513 граѓани, а градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски од 4.718.

Заедно со уште двајцата главни ривали, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за чии кандидатури ќе се одлучува викендов во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тоа се седум претенденти во претседателската трка.

Back to top button
Close