Димитриевски: Нема неважен натпревар во репрезентативниот дрес


Секој натпревар во државниот дрес е важен, истакна голманот Столе Димитриевски на официјалната прес конференција во Даблин пред утрешниот натпревар на македонската репрезентација против Ирска во пресметка на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство.

Димитриевски наведе дека по поразот од Данска (4:0) во четвртокот во Копенхаген, за избраниците на селекторот Гоце Седлоски следи нов предизвик во кој тимот ќе треба да се издигне и да реагира.

„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, особено кога играм во дресот на Македонија. Имаме два убедливи порази во последните два натпревари, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Доколку бидеме подобри во тој сегмент, ќе имаме повеќе напади од противникот, а ривалите нема да имаат толку удари кон нашиот гол. Работиме, разговараме, анализираме и мора да се подобриме“, изјави Димитриевски.

Натпреварот е закажан за утревечер со почеток во 20:45 часот на стадионот „Авива“.

Back to top button
Close