Димитриевски: Собрани се потребните потписи од граѓаните за нов мандат
Максим Димитриевски утринава поднесе кандидатура до ДИК, а попладнево потврди дека собрни се потребните потписи од граѓаните за нов четиригодишен мандат како градоначалник на Куманово.
-Според последните информации што ги добив во 13 часот, потписите на поддршка од граѓаните за нов четиригодишен мандат како градоначалник на Куманово се веќе собрани. Им благодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и веруваме дека и во наредните 4 години ќе продолжиме со упорната работа да го менуваме ликот на Куманово и да го забрзаме неговиот развој, рече Димитриевски.
Тој рече дека го менува Куманово и така и ќе продолжи.
„Јас и мојот тим сакаме со нова енергија, преку 4 годишен мандат да го продожиме развојот на Куманово. Затекнавме долгови, но ги решивме финансиските проблеми и реализиравме голем број на проекти. Го менуваме Куманово во вистинска смисла на зборот и така ќе продолжиме“, вети Димитриевски.