Димитров: Датумот за преговори е 16 јули, ЕУ очекува да продолжиме по реформскиот пат

 Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, истакна носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните од центарот на Скопје.

-Ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат, порача Димитров.

Според Димитров, немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните четири години.

-И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред, истакна Димитров.

Тој на трибината зборуваше заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката на листата во ИЕ1, Мила Царовска и кандидатот за пратеник Горан Мисовски

Back to top button
Close