Димитров: Испорачавме членство во НАТО, испорачавме преговори со ЕУ!

– Носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ Никола Димитров вечерва во „Отворено студио“ на Телевизија 24 го истакна значењето на она што вчера пристигна како вест од Брисел и е уште еден успешен чекор во реализирањето на стратешките цели.
-Предлог-преговарачката рамка од Европската комисија, за којашто вчера ги добивме убавите вести дека е предадена на Советот на ЕУ, е исклучително битен чекор за првата меѓувладина конференција. Таа не може да се одржи без рамката. Во таа смисла за земја која што чекала 15 година многу е нормално и природно овие крупни исчекори да ги одбележиме и поздравиме, истакна Димитров.
Тој потенцираше дека се што кажале во контекст на нашиот пробив, испорачале. – Рековме ќе влеземе во НАТО – влеговме во НАТО, рековме ќе ги почнуваме преговорите со ЕУ – добивме зелено светло. Еве ја сега и преговарачката рамка во којашто како стартна позиција на чуварот на европските вредности и законодавство, е македонскиот јазик. Тој е иден официјален јазик во ЕУ, истакна Димитров.
Тој појасни дека рамката тој параграф вели „ Северна Македонија со време да го преведе европското законодавство на македонско и ќе треба да има луѓе преведувачи пред да се зачлени, бидејќи суштината на рамката е полноправно членство во ЕУ. ЕК застана на принципот на нашата лична карта на ОН каде јазикот ни е македонски и во таа смисла потврди дека изразувањето на нашето право на самоопределување и европската интеграција се нужно комплементарни процеси. Бидејќи македонскиот јазик е наша работа и тој апсолвирано прашање и дома и во светот.“