Димитров-Матуела: Северна Македонија е подготвена за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

 Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со Михаела Матуела, надлежна за Северна Македонија и Албанија ГД НЕАР во Европската комисија, која неодамна стапи на оваа функција.

Како што соопшти СЕП, главниот фокус на состанокот беше ставен на подготвеноста и очекувањата на Северна Македонија во однос на почетокот на пристапните преговориспроведувањето на реформите од ЕУ агендата  и статусот во однос на користењето на фондовите од ИПА. Вицепремиерот Димитров посочил дека остануваме цврсто посветени на процесот на реформи во клучните области од новата методологија за пристапни преговори, што се спроведуваат и со користење на ЕУ фондовите. 

-Не постои друга алтернатива за процесот на европеизација насочен кон пренесување на европските вредности дома и за таа цел ја воведовме „Агенда: Европа дома“ и ја усвоивме НПАА 2021-2025. Овие процеси се одвиваа со целосна транспарентност и вклученост на граѓанското општество, клучните документи се целосно преструктуирани според новата кластерска методологија за пристапни преговори, нагласи Димитров.

Претставничката на ЕК Матуела истакна дека постигнатите резултати ќе имаат свој одраз во Извештајот на Комисијата за годинава и посочи дека го дели ставот за подготвеноста на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

ЕК, како што се наведува, ќе продолжи да не поддржува на нашиот пат кон членство во Унијата.

Back to top button
Close