Димитров: Најважната битка е на чесните против нечесните

 Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат, а не, како што посочи, онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе.Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните. Дали може да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“, истакна Димитров.

Порача дека 15 јули е шанса да се стави конечна точка на лошата и да се заврши со кризата на неодговорност што почна 2015, 2016 година.

Back to top button
Close