Димитров: Сите да излеземе на гласање за после да нема пазари

Кандидатот на СДСМ и носител на листа во првата изборна единица, Никола Димитров, вечерва на централната трибина во Скопје, им се обрати на граѓаните кои се уште размислуваат дали да излезат да гласаат на парламентарните избори и им порача дека со останување дома, го даваат нивниот глас „за опцијата која води накај пустошот и бездната“.

Дали знаете дека сме фаворити? Ама ако сме убедливи, ако излеземе сите. Граѓанин кога гласа, дава правец. Дајте го правецот за напред, да бидеме убедливи, да нема пазари на принципите главни! Затоа ни требате сите и да ни дишете во врат после, ако не испорачаме,“

Димитров порача дека Македонија може да биде држава со која што ќе се гордеат сите  и вети дека тој лично ќе биде гласот за правда.

Како мене што ме блескаат рефлекторите, така ќе блескаат како ќе владееме дома. Главна област ќе биде областа на правдата. Со помош на овие рефлектори, јас лично ви ветувам дека ќе бидам гласот за правда, бидејќи нема да заврши кризата што почна 2015 год. , додека нема правда. Без разлика за кого! Кој и да згреши, ќе се бориме да има правна разврска,“ порача Димитров.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close