Димитров – Јуратовиќ: Периодот што претстои одлучувачки за иднината на евроинтеграцијата на регионот

Периодот што претстои е одлучувачки за иднината на процесот на европска интеграција на регионот – Европската Унија е на тест дали ќе опстои како партнер на прогресивните сили кои се залагаат за европската визија или со своето делување, односно неделување, ќе остави простор на компетитивните идеи поради кои сите сме губитници, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на средбата со пратеникот во Бундестагот од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Јосип Јуратовиќ, на маргините на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

– Северна Македонија се залага за тоа сите страни да постигнат заедничка победа и тоа е клучното прашање од овој тест, истакна Димитров.

На средбата, како што соопшти СЕП, се разговарало за европската перспектива на Северна Македонија и регионот како заедничка стратешка цел, за што е потребно да се преземат одлучни чекори за надминување на непринципиелните барања и да се обнови кредибилитетот на политиката на проширување.

Пратеникот Јуратовиќ, кој ќе има нов мандат во Бундестагот, нагласи дека Германија и понатаму останува проактивна, особено во однос на европското досие на Северна Македонија, како светол пример и силно ќе се залага за надминување на пречките и пробив на евроинтегративниот пат

Back to top button
Close