Димитров во Мадрид на дебата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид ќе учествува на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, покрај Димитров на форумот ќе учествуваат државниот секретар за ЕУ на Шпанија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот. Тема на дискусијата ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.

Back to top button
Close