Димитров: Воопшто не молчев, се борев одвнатре

-Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, вели Димитров во интервју за „360″ степени кое ќе биде емитувано вечерва.

Во однос на изјавата дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров рече дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките и на внатрешната координација, но и преку информации што ги добивал од министри и амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

-Оттаму ми се елементите и оценката. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа, посочува Димитров.

На прес-конференцијата пред два дена Димитров рече дека неговите ставови во преговорите со Бугарија во многу наврати биле спротивни од неговите колеги во Владата.

Back to top button
Close