Димитровска: Само 25% од институциите доставиле до Антикорупциска податоци за службените возила

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција објави дека само 300 институции, од вкупно 1.500, доставиле податоци за службените возила кои ги користат.

Татјана Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик кој предвидува прекршочна постапка, но не предвидува санкција. Согласно надлежностите уредени во Изборниот законик, Димитровска појасни дека ДКСК е надлежна да води регистар на службени возила, кои содржи податоци за институцијата која ги користи, бројот и таблицата на возилото.

„Новиот состав на ДКСК воспостави соработка со МВР и побара за 1 500 државни институции да достават податоци за службените возила кои ги користат. Бројката која што ја обезбедивме се однесува на 1 500 државни институции, кои располагаат со скоро 12 илјади службени возила. Заклучно со 24 февруари сите институции имаа обврска да ги достават овие податоци, согласно кои ДКСК има право во рок од 15 дена да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган за оние институции кои што немаат доставено податоци“, изјави Димитровска во интервју за МРТВ.

Back to top button
Close