Димковска: Објавувањето на мојата песна во „Тајмс литерари саплемент“ е успех на целата македонска литература
Песната „Милениче“ од македонската писателка Лидија Димковска е објавена во последниот број на едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура, британскиот неделник „Тајмс литерари саплмент“ (Times Literary Supplement) од Лондон. „Милениче“ е објавена во препев на англиски јазик на Љубица Арсовска и Патриша Марш Стефановска.

„Никогаш моите успеси не ги делам на мои лични и македонски, бидејќи јас пишувам на македонски јазик и ми се чини дека сите ние што пишуваме на македонски јазик кога ќе ни се случивакво признание всушност учествуваме во излегувањето на целата македонска литература надвор од границите. Јас и практично сум надвор од Македонија, но кога ќе ми се објави нешто во странство тоа дополнително ми кажува дека македонската литература апсолутно не смее да остане само во границите на македонската држава, македонскиот јазик и читатели. И колку повеќе книги, текстови, и песни имаме преведени на други јазици толку повеќе е поголема свеста за македонската литература кај читателите на тие други јазици. Ако е ова е прва песна од на македонски писател објавена во „Тајмс литерари саплмент“, а по се’ изгледа дека е така, да се надеваме дека ова само првиот успехи и дека ќе има многу повеќе песни, дека ќе има и раскази, критики за романи во едно такво списание какво што е „Times Literary Supplement“.
Песната „Милениче“ е од „Гранична состојба“, последната поетска збирка на Димковска објавена минатата година од „Или-Или“, за која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор на Струшките вечери на поезијата.
Проследете го целиот разговор во видеото