Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста. Од двата партиски штаба гледам дека се прави дефокус. Наместо да се зборува за актуелната в.д. директорка, темата повторно сум јас – Лидија Димова, иако од 2020 година немам никакво влијание во Агенцијата, вели поранешната директорка на „Еразмус“ по вчерашните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по изборот на новото раководство на институцијата.

„Токму јас во 2019 година поднесов пријава до Јавното обвинителство и до Европската комисија за злоупотреба на 2,2 милиони евра од програмата Еразмус+. Мојот наследник се погрижи таа да остане невидлива до 2023 година, се додека не дојде „честитката“ од ОЛАФ и можеби затоа партиските пресовите оперираат со 2023 и 2024 година, наместо со вистинската 2019-та. Додека јас бев разрешена набрзина, со апсурден изговор за „тренинг на магариња и финансирање фризерници“, кривичната пријава што ја поднесов се уште тлее во предистрага. Но, ОЛАФ постапи по мојата пријава и си поврати 2,2 милиони евра од македонскиот буџет. Само да потсетам, од ОЛАФ добив писмено известување дека ОЛАФ нема никакви наоди против мене! Лицата за коишто има наоди забрзано „напредуваат“ додека Обвинителството е во предистрага веќе 6 години“, пишува Димова

Back to top button
Close