Димовски: Првпат имаме Влада без претставник на ниту една од помалите етнички заедници

За прв пат по децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци. Прв пат во македонската Влада, нема ниту еден министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак, реагира Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот избор на новата влада.

Тој појаснува дека според пописот во 2002 година, кој е и последен попис, околу 10 отсто од граѓаните во земјава се припадници на помалите етнички малцински заедници, но треба да се има предвид нивното значење во градењето на државата, кое е забележливо уште од првото заседание на АСНОМ.

„…Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија…Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови…Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи…Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството…СДСМ докажа дека нема никаков политички интерес и капацитет да работи за интересите на помалите етнички малцинства, бидејќи се однесува кон Македонија вака како што покажува кога е на власт…
ДУИ докажува дека не ги ни забележува дека постојат овие 10% од наши сограѓани…, пишува Димовски на Фејсбук.

 

Македонија доби бинационална Влада…

За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци…
Прв пат во македонската Влада, нема НИТУ ЕДЕН министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак…

Според пописот во 2002 (тој е последен) околу 10% од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички малцински заедници…
Нивното значење во градење на државата Македонија е големо и забележливо уште од првото заседание на АСНОМ…
Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија…

Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија…

Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови…

Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи…

Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството…

СДСМ докажа дека нема никаков политички интерес и капацитет да работи за интересите на помалите етнички малцинства, бидејќи се однесува кон Македонија вака како што покажува кога е на власт…
ДУИ докажува дека не ги ни забележува дека постојат овие 10% од наши сограѓани…

Back to top button
Close