Дипломатски извори на EK: Преговарачката рамка за Црна Гора содржеше “официјален јазик” во вашата е “македонски јазик”

Истите извори изразуваат чудење што овој предлог наишол на реакции поради тоа што францускиот предлог инсистирал македонскиот јазик да биде јасно наведен исто како во случајот со таканаречениот португалски предлог, пренесе Нова.

Во однос на добрососедските односи претставниците на Комисијата не гледаат големи разлики во овој сегмент меѓу она што го содржи предлог-рамката за Северна Македонија и она што го имаат Србија и Црна Гора кои и двете имаат елементи на добрососедски односи.

 

Европските дипломати појаснуваат дека добрососедските односи не се дел од Копенхашките критериуми, но се дел од условите за пристапување за земјите од Западен Балкан (внесени преку процесот на Стабилизација и асоцијација) и затоа, според нив, има внимателен вординг во членот 47 од предлог-рамката кој се однесува на делот на тоа што прави Европската комисија во овој процес.

 

„Комисијата ќе обрне особено внимание на обврските на Северна Македонија во однос на добрососедските односи и регионалната соработка во референца на членот 5 и за имплементацијата ќе ја информира Меѓувладината конференција“, се вели во членот 47 од предлог-рамката.

Значи, ние треба само да информираме“, објаснува соговорникот од ЕК, правејќи разлика со толкувањата со тоа дека Комисијата ќе треба да изготвува извештаи за оваа тема.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close