Директор на театар во Софија забранил настап на македонска актерка, па се пишманил под притисок на јавноста

Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, пишува Новатв.мк.

Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.

Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена
Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ “Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.

Претходниве денови Пројковска непотребно стана „случај“. Директорот на софискиот Народен театар „Иван Вазов“, Васил Василев, донесе апсурдна забрана македонската актерка Билјана Пројковска да настапи во претставата „Животот е убав“. Василев одби да дозволи учество на македонска актерка поради затегнатите политички односи меѓу Македонија и Бугарија, освен ако Пројковска има бугарски пасош. Забраната под притисок на јавноста, а посебно на режисерот Морфов, беше укината.

Back to top button
Close