Директорката на битолското техничко училиште без одговор која била целта за гостување со ученици во Софија кај донаторот на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов

(…)

Oсновач и претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“ е д-р Милен Врабевски. Тој пак, во земјава е познат како финансиер на отворањето на бугарските клубови во Битола и Охрид.

Во објавата пишува дека заедно со студентите пристигнале и Жанета Сервини и Љубчо Здравковски – директор и заменик директор на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола. Тие го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане, ја разгледале базата и разговараа со раководството за можностите за идна заедничка работа меѓу двете институции. Објавени се и фотографии од двајцата гости од Битола заедно со други млади лица.

„Таму немаше ученици од Техничкото училиште и таквите објавени вести се дезинформации. Зошто не се заинтересирате да објавите за Меморандумот за соработка со компјутерски фирми за нашето училиште наместо дезинформации“ одговорила Сервини за СДК.МК.

Во одговорот директорката не дала информација со каква цел била во Бугарија.

Повеќе

Back to top button
Close