Директорката на ФЗО: Не смеам да зборувам за откупот што го бараат хакерите

Магдалена Филиповска Грашкоска, генералната директорка на Фондот за здравство, денеска на одржаниот брифинг се огласи по хакерскиот напад во нејзината институција.

Како што истакна таа, за овој случај е отворена истрага и верува во нејзино целосно разрешување и појаснување на целиот проблем.

„Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам. Нападот беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи. Нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се афектирани“, рече таа.

Back to top button
Close