Директорката на Инфективна: Јас сум за драконски мерки за невакцинираните, бројот на заразени ќе се зголемува

 

И поракј тоа што е намален бројот на заразени и хоспитализирани од Ковид 19, директорката на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, Милена Стевановиќ во интервју за Фактор нагласува дека и покрај тоа што антиковид мерките се целосно олабавени, граѓаните треба да се свесни дека секакво помасовно собирање, неносење маски во затворени простори носи големи ризици од зараза.

-Се е веќе дозволено, но не мора веднаш да се прават свадби со по 300 луѓе. Кластерите произлегоа токму од такви семејни собирања, големи свадби, други веселби. Јас сум навистина за драконски мерки, вакцината не е задолжителна, но кој не сака да ја прими мора ќе мора да ги почитува мерките. Тука не зборуваме за некакови привилегии на вакцинираните. Тие секако многу помалку може да се заразат, за разлика од оние кои не се вакцинирани. Затоа, за невакцинираните мора да постојат силни рестриктивни мерки, како што впрочем направија голем дел од државите, вели д-р Стевановиќ.

Back to top button
Close