Директорот на БЈБ, Јанев: Поради недоволни резултати сменета единицата за борба против дрогата во Куманово

По единаесет недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога.

Како што информираат од МВР, ова доаѓа денеска, кога ва беше соопштени денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Сите членови на единицата се разрешени и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници.

-Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност, без изговори и привилегии- порача Јанев.

Тој најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати.

Back to top button
Close