Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, повеќе од 12 часа престојувал на терен во Трубарево, каде се спроведуваа интервенциите за гаснење на големиот пожар во фабриката за пластика. Поради долготрајната изложеност на токсичен чад и интензивната работа во координацијата на тимовите и институциите, тој синоќа побарал медицинска помош во Државната токсиколошка болница.
По извршените лекарски контроли е утврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик.
Центарот за управување со кризи изрази благодарност за пожртвуваноста на пожарникарските екипи, државните институции и волонтерите кои работеле во исклучително тешки услови за локализирање на пожарот и заштита на граѓаните