Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми негативен на Ковид-19

Фејсбук статус на директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми:

Почитувани пријатели,

Ве известувам дека ги добив резултатите од тестирањето за Ковид-19 и истите се НЕГАТИВНИ. Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020. Воедно, сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста.

На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции.

Back to top button
Close