Директорот на фудбалската А-репрезентација Данчо Масев завршил во притвор – се поврзува со Штекли
Поранешниот фудбалер и македонски репрезенттивец Данчо Масев, кој пред два месеца беше именуван за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија, пред една недела завршил во притвор
.Извори во затворот во Шутка за „Слободен печат“ потврдија дека Масев се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.
Во јануари медиумите објавија дека поранешниот македонски репрезентативец Масев се враќа на позицијата која ја извршувал од јуни 2018 година до ланскиот септември.
Штекли има богато криминално досие, се поврзуваше со нарко групата „Барон/Беланоца“ и преживеа три обиди за ликвидација.
Во 2011 година Штекли беше уапсен во Атина, Грција, како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Тогаш бил екстрадиран во Италија, каде му се судеше во големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
За што се сомничи Масев, засега нема официјални информации од Обвинителството.