Директорот на „Комунална хигиена“e во полициска станица, се очекува кривична пријава

Осомничените Сабахудин Рустеми, директор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Аки Саити, раководител во истото претпријатие, се наоѓаат во полициската станица Гази Баба, каде што се уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување, додека обвинителството подготвува кривична пријава, потврдија од Основното јавно обвинителство.
По поднесувањето на пријавата, ќе биде отворена официјална истрага, во рамките на која доколку обвинителството процени ќе може да бидат побарани и мерки за обезбедување на присуството на осомничените.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, беше приведен вчера заедно со Аки Саити од Сарај, раководител во истото претпријатие, поради сомнение за кривично дело по член 230 од Кривичниот законик.
Истрагата за работата на „Комунална хигиена“ започна откако со недели не се собираше сметот во главниот град.






