Таравари на другарот и комшија др Фетмир Mеџити покрај директорска плата му давал и 1000 евра месечен хонорар за „совети“

Актуелниот директор на Клиниката за неврологија Фатмир Меџити, во исто време додека директорувал со оваа јавна здравствена установа, бил и хонорарец на Министерството за здравство кое инаку го назначило за директор, а месечниот хонорар му бил 60 илјади денари, покажуваат документите со кои располага „Слободен печат“.

Од договорот не може да се сфати што работел Меџити за овој хонорар, но може да се сфати дека работните задачи за Министерството за здравство требало да ги врши секој ден. Податоците на „отворени финансии“ покажуваат дека парите од Министерството му се префрлани секој месец, во износ од 1.000 евра заклучно со декември 2024 година.

 

Договорот за дело склучен меѓу Меџити и Министерството за здравство, траел од 8 јули 2024 до 31 декември 2024 година. Во овој период тој имал задачи коишто требало да ги извршува за Министерството за здравство секој ден, и покрај тоа што секој ден имал работни задачи и на Клиниката за неврологија со која директорувал и до ден денешен директорува.

 

Договорот е склучен непосредно откако министер за здравство стана Арбен Таравари, сопартиец и личен пријател на Меџити. Во периодот кога Таравари бил министер, најмалку две лица семејно поврзани со Фатмир Меџити исто така склучиле договори со Министерството за здравство за да извршуваат работни задачи внатре на определено време, покажува документацијата со која располагаме.

Повеќе

Back to top button
Close