Директорот на познатата компанија која работи и во Македонија има плата од 67.000 евра месечно, работниците само 450 евра


Претседателот на управниот одбор на една од најпознатите хрватски компаниии заработува во просек по 67.000 евра месечно.Како што пишува порталот danica.hr, тоа е Давор Томашковиќ, првиот човек на Кроација осигурување, а станува збор за вкупен бруто приход, кој вклучува плата, бонуси и примања како што се користење на автомобили и полиси за осигурување.Познати се и платите на другите членови на управниот одбор. Роберт Вучковиќ месечно заработувал вкупно 37.000 евра, Ванчо Бален 31.000 евра, а Лука Бабиќ 28.000 евра бруто.

Кроација осигурување лани оствари приход од 519 милиони евра со раст од 21,5 отсто, а нето добивката изнесува 47 милиони евра и е повисока за 13 отсто.

Компанијата лани имала во просек околу 2.400 вработени чија просечна нето плата, според Финансиската агенција, била само околу 450 евра нето месечно.

Back to top button
Close