Директорот на штипската Клиничка болница почна со дежурства во регионалниот Ковид центар

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Ѓеорѓијев кој е специјалист хирург од синоќа почна со дежурства на Инфективното одделение.
Ѓеорѓијев за МИА вели дека самоиницијативно се вклучува во работата на одделението, во моментите, кога треба да се помогне на пациентите кои се со тешка клиничка болница, но и на колегите на оваа одделение.
„На инфективното одделение остана само еден инфектолог. Очекуваме инфектологот Дијана Шишкова наскоро да се врати од боледување по битката со вирусот, а третата лекарка инфектолог по вторпат е позитивна на коронавирусот. Во моментов за пациентите се грижат и интернистите, анестезиолозите и кожните лекари“ вели Ѓеорѓијев.
Тој за МИА вели дека од денеска во битката со коронавирусот ќе се вклучат и психијатрите. Инфективното одделение во Штип ги прима тешко болните пациенти со коронавирусот од 12 општини од Брегалничкиот регион, но и од општините Радовиш, Свети Николе, Кавадарци и Кратово.