Директорот на ,,Шутка:”  Имаме 4 возила и 13 обцинети. Не можеме да ги возиме посебно. Писмо не е најдено

Откако денеска обвинетиот Влатко Кешишов, на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека имал контакт со обвинетиот Љупчо Палевски во возилото со кое биле транспортирани од затворот „Скопје“ до Кривичниот суд, односно, Палчо му дал писмо и му рекол да го препише и потпише, а со кое ќе го амнестира од вина, се отвори прашањето дали двајца обвинети смеат да се транспортираат со исто возило?

Според директорот на затворот, Бобан Утковски, нема прекршување на законот и протоколите, појаснувајќи дека поради ограничениот број на возила не е возможно сите обвинети да се транспортираат посебно.

-Има само четири возила. Невозможно е група од 13 обвинети за ист предмет да транспортираме посебно – вели тој.

Back to top button
Close