Директорот на Светска банка: Недостатоците во македонското образование почнуваат рано

Според индексот на Светска банка за човечки капитал за 2020 година, како што наведе Паолучи, децата родени денес во Македонија ќе бидат 56 проценти продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и здравство.

Паолучи предупреди дека пандемијата со Ковид-19, за жал се заканува уште дополнително да ги влоши исходите во основното образование.

-Со тоа што голем дел од учениците не ги совладуваат основните вештини за понатаму во животот подобрување на квалитетот на образованието е императив заедно со надминување на нееднаквоста и на јазовите помеѓу учениците од различни социоекономски карактеристики, наведе Паолучи.

Како што нагласи, проектот за подобрување на образованието ќе ја поддржи Владата во спроведување на сеопфатни реформи како основа за долгорочни подобрувања и со тоа ќе придонесе за градење модерен , ефикасен, продуктивен систем во Македонија и поконкурентен човечки капитал.

Back to top button
Close