Директорот на „Улици и патишта“ уапсен со кокаин!

Сенад Смаиловиќ – Сенко, директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, пренесе Лидер.

Според порталит при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.
градоначалникот на СКопје, Шилегов денеска информираше дека Смаиловиќ  не е повеќе на функцијата директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“.

Back to top button
Close