Директорот на „Водовод“, по налог на Арсовска, крие автобуси на ЈСП во пречистителната станица во Волково, обвинуваат од ССМ


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа ги префрли своите автобуси чии линии тргнуваат од централата од Автокоманда во Транспортниот центар под Железничката станица, откако приватните превозници за денеска најавија блокада и дека ќе ги паркираат своите возила пред централата на ЈСП

Автобуси на ЈСП вчера и денеска се криеле и паркирале во објекти на ЈП „Водовод и канализација“, со што сериозно се нарушува безбедноста. Поради тоа, в.д. директорот на претпријатието мора да одговара, исто како и неговите налогодавачи, соопштија денеска од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Во пречистителната станица Волково на ЈП ‘Водовод и канализација’ во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП Скопје и тоа до самите базени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови. Пречистителната станица на ЈП ‘Водовод и канализација’ во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот“,обвинуваат од ССМ.
Исто така, од ССМ обвинуваат дека во текот на доцните вечерни часови биле злоупотребувани ресурсите на ЈП „Водовод и канализација“ за, како што велат, неовластено да извршуваат работи и тоа еден багер работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров.

„Се потврдува дека в.д. директорот како слеп послушник е поставен да раководи со ова витално јавно претпријатие за исполнување на желбите на градоначалничката Данела Арсовска и таа е најодговорна за состојбите во кои се наоѓа ова јавно претпријатие. Бараме надлежните служби ОЈО и МВР веднаш да интервенираат и да ги преземат сите мерки и да утврдат по чиј налог, кои лица, со која цел влегуваат и излегуваат од објекти со витално значење за градот Скопје и сторителите да одговараат“,стои во објавата на ССМ.


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ синоќа ги префрли своите автобуси чии линии тргнуваат од централата од Автокоманда во Транспортниот центар под Железничката станица, откако приватните превозници за денеска најавија блокада и дека ќе ги паркираат своите возила пред централата на ЈСП.

Хаосот со јавниот превоз во Скопје почна пред еден месец, кога вработените на ЈСП „Скопје“излегоа на протест поради неисплатени плати, а главниот град за прв пат во историјата цел ден остана без јавен градски превоз.

По ЈСП, со работа престана приватниот превозник „Макекспрес“ поради неисплатен дол од ЈСП, а од понеделникот, оваа неделава од истите причини престанаа да сообраќаат и автобусите на другиот приватен превозник „Слобода превоз“.

Back to top button
Close