Директорот на затворот во Рогижина, Албанија одгледувал марихуана, по него распишана потерница

Во објект сопственост на директорот на затворот во Рогожина, Билал Хаса,  албанската полицијата откри четири лјади стебла марихуана.

Тој е во бегство, а по него е распишана потерница. Генералниот директорат на албанските затвори  информираше дека е суспендиран од должност, сè додека случајот не биде целосно расчистен од страна на надлежните органи.

-Денеска финализирана е полициската операција со кодно име „Куртај“, за сузбивање на одгледувањето наркотични растенија во затворени средини со употреба на ламби. Во простории адаптирани за одгледување наркотични растенија сопственост на Билал Хаса, запленети се околу 4.000 стебла марихуана, потоа  ламби, неонски светла и друга електрична опрема, соопшти полицијата.

По преземените дејствија, за кривично дело „Злоупотреба на службена положба“, се товари и Е. М., одговорен во Електродистрибуција за подрачјето на Пеќин, по кого исто така се трага.

Полицијата наведува дека акцијата, во која се откриени најголем број стебла марихуана годинава на едно место, под раководство на Обвинителството на Елбасан продолжува и оти интензивно се работи на идентификување и изведување пред лицето на правдата на други лица вклучени во оваа криминална активност.

Back to top button
Close