Дисциплински мерки за четворица затворски полицијаци од Штип

Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со штраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани се до донесување на правосилна одлука.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров истакна дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка.
Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци, кои непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа.

Back to top button
Close