Дискотеката Пулс зема уште еден живот: Почина oсомничен полициски службеник кој во 2012 дал согласност за паркинг

Главниот инспектор за сообраќај во Кочани Владо Петров, првоосомничен во случајот Пулс за наводни неправилности при увид на лице место при издавање на дозвола за паркинг, синоќа почина.

Според информациите на Инфомакс тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес имајќи го во предвид делото кое му се става на терет.

Петров беше во првата група осомничени полициски службеници затоа што го дал својот потпис за согласност за паркинг.

Сепак мора да се напомене дека дискотеката на денот на несреќата 16 март, 2025 година немала никаква валидна и важечка дозвола и работела комплет на диво.

Доколку се земе во предвид и возачот на брзата помош кој почина ден по несреќата од синдромот скршено срцe, но и смртта на Петров кој не го дочека обвинението против него ова е 64тата жртва на дискотеката.

Инаку Петров веќе неколку години е во пензија.

Back to top button
Close