Дискусија: Потребна правна рамка за сајбер насилството, но и едукација за негово препознавање, пријавување и заштита

Напредокот во дигиталната технологија донесе и ризик заради тоа што дигиталните алатки се користат и за вршење на насилство, како и за вовлекување во трговија со луѓе оналјн итн. Она што, исто така, е доминантно во онлајн просторот, е родовата димензија на сајбер насилството, односно таргетирањето на жените и девојките во однос на нивното однесување онлајн, при што се ускратува автономијата на жените итн. Потребно е правно регулирање на оваа сфера и едукација од аспект на препознавање на сајбер насилството и од аспект на негово пријавување и заштита, сметаат учесниците на денешната дискусија на темата „Сајбер насилство – безбедност и самоцензура”, органиизрана од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Елена Петровска од Коалицијата Маргини  посочи дека оние кои работат како активистки за правата на жените или ранливите категории на граѓани се често мета на напади итн. заради својата работа, заради својот род. Посочи на случаи на сексуално насилство во онлајн просторот, на јавните соби кои се случуваат, вели, веќе континуирано, а одговор на ваквите типови на насилство често бавно доаѓа или не доаѓа во правна разрешница.

-Темата е многу обемна, многу широка. Сајбер просторот е широк поим и кај нас доцни обработката на тоа што претставува сајбер насилството, заради тоа што има повеќе форми, повеќе типологии, има различни начини на користење на дигиталните алатки. Според истражување коешто го направивме, како да нема сеуште извори кај нас каде да се обратат жените, девојките, како и која било жртва на насилство онлајн заради тоа што сметам дека на темата треба многу подлабоко, многу покоренито да се работи и од аспект на препознавање, и од аспект на едукација, и од аспект на пријавување и заштита. Значи во тој дел сметам дека праксата дури на европско и светско ниво недостасува. Оваа четврта индустриска револуција како што се нарекува е доминантна уште повеќе со користењето на дигиталните технологии во поразвиените земји, меѓутоа степенот на насилство и таму е исто така висок, вели Петровска.

Според неа, сексуалното насилство, вознемирувањето, булингот кај младите, кај учениците итн. меѓутоа и кај возрасните по она што го сведочиме на социјалните мрежи, мора да се регулира со цел да се заштитат жртвите на насилство, а  и од друга страна да си ги познаваат своите права, меѓутоа и своите обврски.

-Она кое е казниво во физичкиот простор исто така е казниво и во онлајн просторот, односно во сајбер просторот. Така што, низ текот на годините барем овде кај нас, но и со примери во светот се чини дека наместо онлајн просторот да биде, да се развие во една демократска средина, безбедна за користење на интернетот, напротив се искористува за вршење на насилство, родово базирано насилство. Има и родов јаз во однос на корстиењето, посебно кај жените, ранливи жени, посиромашни итн., а сето тоа, пак, влијае на нивниот живот во реалноста со оглед на тоа дека веќе интернет просторот е и реалност и така треба да го сфатиме и така треба да се однесуваме, рече Петровска. 

Славица Анастасовска од Хелсиншки комитет посочи на резултатите од истражувањето како дел од еден проект што го спровеле лани во три училишта, во три града, при што биле опфатени 300 испитаници, а 78 отсто се изјасниле дека биле жртви на некаква форма на насилство на интернет прсторот, при што доминант дел од нив се од женски пол.

-Од тие 300 испитаници, 78 проценти, кажаа дека биле жртви на некакво сајбер насилство. Секако ги меревме и ефектите по здравјето на учесниците. Ефектите се како физички, така и психички по менталното здравје, и од тие 300 испитаници, 11 од нив кажаа дека размислувале на самоубиство што мислам дека е алармантна бројката. Веќе треба да се направи нешто и во однос на правната регулатива зата што моментално имаме голема правна празнина, вели Анастасовска.

Според неа, постои многу мала регулација во однос на тоа дека интернет насилството спаѓа во психичко насилство и тоа е како поим во кривичното право. Потоа за сексуалното насилство врз жените опфатено во друг закон, во Законот за родово базирано насилство и домашно насилство. Меѓутоа, додава дека, имаме голема празнина во однос на сајбер насилството, прво немаме дефиниција што претставува интернет насилство, кои се видовите, формите.

-Знаеме дека имаме последици, но од друга страна правната рамка е скоро никаква. Во таа насока треба да се работи, да се дебатира, треба да се мапира. Исто така, сајбер просторот е широк, и не само широк и длабок. Имаме нетранспарентни компании, имаме нетранспарентни мобилни оператори коишто не знаеме ни колку време се чуваат податоците, каде се чуваат податоците, до кои се стига, како се препродава итн. и тоа е еден голем простор и за дебатирање и за регулација, и секако транспарентноста треба да биде дел од целава приказна, заклучува Анастасовска. 

За тоа каква е состојбата со правната релулатива, таа посочува дека на европско ниво се прават напори од Советот на Европа дигиталната сфера да ја стави во некоја директива. Постои Конвенција за компјутерски системи од 2001 година, која што во 2005 година ние сме ратификувале, меѓутоа според неа, тоа засега изгледа е само на хартија и во секојдневното живеење не гледаат начин како да се справат со проблемот, односно постојат жртви на коишто нема начин како да им се помогне. 

Back to top button
Close