ДКСК ја запре постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 35-та седница го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје бидејќи нема основни услови заради состојбата со коронавирусот за доставување уредна достава на уредба до Ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Како што беше појаснето на седницата од страна на ДКСК бил направен обид да се достави уредба на лице место, Ректоратот бил затворен поради состојбите со Ковид – 19.

Во врска со добиена реакција од вработен во Министерството за надворешни работи за покрената дисциплинска постаака против него во февруари, ДКСК констатира дека треба да се стави во мирување, од аспект на тоа дека постапката може да резултира со престанок на работен однос.

Од ДКСК информираа дека го известиле МНР и оти оттаму добиле известување дека постапиле по нивната препораката и ја запреле постпката.

Back to top button
Close