ДКСК бара кривична постапка против Мерко за отуѓување државно земјиште во Струга


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот суд и Вишиот управен суд.

-Се отвораат сериозни сомнежи за искористување, поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување кај службеното лице Рамиз Мерко, кај претседателот на Комисијата, неговата сопруга, геодетските лица, стручните лица, судиите и стручните лица од Управниот суд и Вишиот управен суд и.т.н. да се поднесе иницијатива за кривично гонење, а на подносителот ќе му дадеме предлог согласно членот 66 од нашиот закон да побара ништовност на документот издаден од катастрарот, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Таа рече дека се работи за земјиште во центарот на Струга кое се отуѓило на Инекс Дрим АД Струга, поврзан со субјект од Австрија кој работи во областа на игрите на среќа, коцкарница и кладилница. Со тоа, како што додаде таа, пред ДКСК се отвораат и сомнежи за перење пари и поткуп заради стекнување корист по пат на отуѓување на земјиште и тоа во централното градско подрачје на Струга.

Како што рече таа, со цел да се заведе оваа незаконитост, градоначалникот Рамиз Мерко заверил фалсификуван документ на кој не е евидентиран преминот на јужната страна.

Мерко е трет политичар од Македонија ставен на американската црна листа поради значајна корупција. На 11 април лани, Стејт департмент ги стави на црна листа експремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција.

Back to top button
Close