ДКСК -Во фирмата „Сити аутсорсинг“ која зема тендери од државни институции во моментов нема роднини на директорот на СОЗР Ивица Томовски

Во фирмата „Сити аутсорсинг“ која зема тендери од државни институции во моментов нема роднини на директорот на СОЗР Ивица Томовски па поради тоа нема ни судир на интереси утврди Антикорупциската комисја. И покрај тоа што неговиот татко бил управител, а во моментов негов близок пријател е сопственик, сепак од ДКСК велат дека законот е таков што не може да се најде незаконско постапување. Утврдија и дека и покрај тоа што фирмата навистина добивала тендери од институциите сепак до сега нема земено пари од СОЗР, таму каде што директор е токму Томовски. Сепак сметаат дек јавниот интерес за овој случај е голем па ќе мора дополнително да се истражи дали на Томовски му легнувале пари на сметка од истата фирма и по кој основ ,објави тв Телма 

 

За тврдењата дека новиот сопственик е близок со Томовски, според антикорупционерите не може да се проверува бидејќи во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, пријателските односи не се сметаат за блиски лица.

Сепак, како што велат од ДКСК, преку проверка на имотната состојба на Томовски ќе се испитува нивна поврзаност.

„Сепак, бидејќи постојат одредени околности што укажуваат на постоење релации на директорот на СОЗР со актуелниот управител на друштвото, потребно е да испитаме дали евентуално постојат некакви финансиски трансакции меѓу друштвото и службеното лице, кои во рамки на оваа постапка на судир на интереси не можевме да ги утврдиме“вели Спасовска-Медарска.

За фирмата „Сити Аутсорсинг“ СДСМ обвини дека добила вкупно 5.3 милиони евра, од вкупно 161 тендер. Обвинија дека токму најголемите зделки главно за хигенски услуги ги направила лани, и тендерите тежеле скоро половина милион евра. Објавија и телефонски броеви за контакт од истата фирма кои водеа до името на Томовски.

ДКСК денеска потврди дека неговиот татко бил управител до 2021 година, а дека томовски три години до 2023 година бил донатор на владеачката партија, но дека се ова било пред неговото на значување за директор во јуни 2024 година.

Левица пак објави дека актуелниот управител на компанијата е Милчо Стрезоски од Струга кој како што рекоа е близок пријател на Томовски. Тој по ова негираше негова вмешаност во фирмата а истото го сторија и од Сити Аутсорсинг.

Back to top button
Close