До 3 600 евра казна ќе платат Австријците кои ќе одбијат вакцинација
Откако австриската Влада го прогласи четвртиот национален карантин кој стапи на сила денеска, и најави дека од февруари в година вакцинацијата ќе биде задолжителна, денеска е најавено дека ќе се воведат и казни за непочитување на новите мерки.
Нацрт-законот кој го подготвува австриското Министерство за здравство предвидува парична казна од 3 600 евра за оние кои ќе одбијат да ја примат првата доза од вакцината против ковид-19, додека пак казна од 1 500 евра би добиле оние кои ќе одбијат да ја примат третата доза од вакцината.
„Мора да се направи понуда со која граѓаните ќе се наведат на вакцинација. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе мора да плати парична казна“,
изјави министерката надлежна за уставни прашања, Каролин Едштадлер.
Министерката потврди дека казните ќе се движат во интервал од 1 500 до 3 600 евра во зависност од тоа која доза на вакцина е одбиена.
„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“,
изјави Едштадлер.