До Џафери пристигна барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници

– Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево соопшти дека е пристигнато известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата.

– Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници и истото ви го пуштаме за Ваше информирање во прилог, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Со ова, ревидираниот список, со кој опозицијата бара изгласување на недоверба на Владата, има потписи од 17 пратеника помалку. Ова е направено заради тоа што пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи побара повлекување на потписите на пратениците од Левица како услов неговиот потпис да остане на списокот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close