Дојава за бомба пред концертот на Пеѓа Јовановиќ, публиката евакуирана
Денеска во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.
Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.
– Advertisements –
Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи.