Дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште

Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани.

Телефонскиот повик за бомбата бил во канцелариите на бродската компанија Blue Star, а од Крајбрежната служба на Грција информираа дека  во траектот што се наоѓа на пристаништето се врши проверка со помош на куче-душкач, додека пак сите патници биле евакуирани.

Back to top button
Close