Дојави за бомби и во 15 училишта во Скопје и Битола

И утринава пристигнаа неколку дојави за бомби во 15 училишта од кои 10 во Скопје и пет во Битола.

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека осум училишта во оваа општина примиле дојави

Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви. До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња“, напиша Стефковски.

Според неговата објава заканите се до училиштата: „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.

Исто така, дојава има и во основното училиште „Коле Неделковски” во Центар, како и во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов”.

Back to top button
Close