Дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и во две во Куманово

На електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово денеска е стигната дојава за поставени експлозивни направи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дојава е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од Министерството за внатрешни работи. бак

Back to top button
Close