Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје

Дојава за бомби утрово во неколку скопски училишта.

Според информациите кои ги пренесе Фокус, најмалу шест училишта утрово се евакуирани поради анонимни дојави за бомби.

Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани, меѓу нив и ОУ Александар Трети Македонски. Евакуација имало и во училиште во населбата Железара, станува збор за училиштето Григор Прличев. Дојава за бомба имало и во Петар Здравковски Пенко во Бутел.

Дојава, имало и во средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Се чека официјална потврда од МВР

Back to top button
Close