До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 15 литри на метар квадратен, грмежи и засилен ветер.
Како што информираат од УХМР, стабилизирање на времето ќе има во петок.