До ДИК поднесени 82 приговора, рокот истекува во 21 часот

– До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите.

Од нив, како што информираат од ДИК, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.

Приговори за постапката на гласање може да се поднесуваат до 21 часот вечерва, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.

Роковите почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

Back to top button
Close